• петок, 22 ноември 2024

Сексуално активните луѓе со над 50 години имаат подобро помнење

Сексуално активните луѓе со над 50 години имаат подобро помнење
Волонгонг, 14 септември 2021 (МИА) - Сексуално активните луѓе повозрасни од 50 години имаат подобра меморија, односно способност за помнење, според ново истражување објавено во списанието „Архивс“ посветено на сексуалноста. Марк Ален, професор на Факултетот за психологија при Универзитетот на Волонгонг, Австралија, го спроведе истражувањето на 6.016 лица, сите постари од 50 години. Податоците собрани во 2012 и 2014 година испитале 2.672 мажи и 3.344 жени во повеќе гледишта од нивниот живот, вклучувајќи го тука здравјето, исхраната и сексуалната дејност. „Ова посочува дека краткотрајно, честиот секс може да има позитивно влијание врз помнењето“, посочува написот. Споредувајќи два теста над истите луѓе од 2012. и 2014., д-р Ален дојде до заклучок дека иако сите повозрасни покажале знаци на губење на меморијата, оние луѓе со повеќе интимни врски се покажале како подобри на тестовите за помнење. Сепак, замислата дека зголемената сексуална активност може да го забави губењето на меморијата на долг рок, нема поткрепа. „Овие наоди се засновани на експериментални истражувања кои покажаа дека сексуалната активност ја подобрува епизодната меморија и кај животните што се различни од луѓето“, се вели во трудот. И друго  истражување спроведено од Универзитетот „Мекгил“ во Канада, 2016 година, посочува дека жените кои имаат повеќе секс, имаат подобро помнење. Истражувачите откриле сооднос меѓу растот на хипокампусот - делот од мозокот што ги контролира емоциите, меморијата, нервниот систем и сексот.  си/

Остани поврзан