Секое прваче во Општина Лозово ќе добие еднократна парична помош од четири илјади денари
- Советот на Општина Лозово со едногласна одлука и оваа година даде зелено светло општината да обезбеди ваучер со вредност од четири илјади денари за секое прваче што е запишано во ООУ „Методија Митевски – Брицо“ и во подрачните училишта во поголемите населени места на територијата на Лозово.
Велес,25 август 2023(МИА) - Советот на Општина Лозово со едногласна одлука и оваа година даде зелено светло општината да обезбеди ваучер со вредност од четири илјади денари за секое прваче што е запишано во ООУ „Методија Митевски – Брицо“ и во подрачните училишта во поголемите населени места на територијата на Лозово.
Како што информира градоначалникот Бошко Цветковски финансиската поддршка ќе им овозможи на родителите да набават училиштен прибор и облека за успешен стар на учебната година.
Тој потенцира дека модерно и квалитетно образование со задоволни ученици, родители и наставници е врвен приоритет на општината.ад/свс
Фото: МИА архива