• недела, 29 декември 2024

Сеизмолошката опсерваторија регистрира земјотрес од 3 степени по Рихтер

Сеизмолошката опсерваторија регистрира земјотрес од 3 степени по Рихтер

Скопје, 27 ноември 2024 (МИА) - Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска во 13 часот и 09 минути, регистрира земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 степени, чиј епицентар се наоѓа на132 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово.

Земјотресот, според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, е почувствуван во југоисточниот дел на државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. сст/ев/

фото МИА архива

 

Остани поврзан