• понеделник, 15 јули 2024

Седум филмови и концерт вечер на CINEDAYS

Седум филмови и концерт вечер на CINEDAYS

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Седум филмови и концерт, се на вечерашната програма на  23.CINEDAYS. Прикажани ќе бидат „Beyond the blue border“, „The Battle of river Neretva“, „The Walk“, „Observing“, The Dreamers“, „The Substance“ и „78 days“, а концерт ќе одржи SIZ. 

Локациите на проекциите се во и надвор од Кинотека, во МКЦ парк и во кино Фросина, а концертот на SIZ ќе биде во МКЦ парк.  

-Ова е музика на која танцувате и музика што ве тера да размислувате. Нема мрзеливи моменти. Ова е музика соголена до коска и експлодира од идеи. Нивните рифови ги прават да звучат како бендот за кој сонува Domino Records секоја вечер или за кои Франц Фердинанд би ги заменил сите нивни големи хитови или за кои Fire Engines би се вратиле од музичкиот гроб, наведуваат од  CINEDAYS во најавата. мч/дма/

фото: CINEDAYS

 

 

 

Остани поврзан