• петок, 22 ноември 2024

Седуммина загинати во пукањето во „Волмарт“ во Вирџинија

Седуммина загинати во пукањето во „Волмарт“ во Вирџинија
Вашингтон, 23 ноември 2022 (МИА) - Седум лица загинаа, а неколку се повредени при пукање синоќа во продавницата на „Волмарт“ во Чизпик во американската сојузна држава Вирџинија, информираа властите. Трагедијата следува само неколку дена откако вооружено лице уби петмина и рани 17 лица во ЛГБТК+ ноќен клуб во Колорадо. Градот Чизпик го потврди бројот на жртви денеска на Твитер, повикувајќи се на градската полиција. Се верува дека имало само еден напаѓач, кој, исто така, е мртов. Засега нема повеќе детали, иако неколку медиуми пишуваат дека се работи за менаџер на продавницата. За ова, нема потврда од полицијата. Не е јасно ниту дали напаѓачот починал од повреди што самиот си ги нанел. Едно тело е пронајдено надвор од продавницата. „Волмарт“ е „шокиран“ од насилството и тврди дека соработува со полицијата во истрагата. бд/сд/

Остани поврзан