Седници на собраниската комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и на Законодавно правната
- Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.
Единствена точка на дневниот ред на седницата на Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, во второ читање.
Законодавно - правната комисија треба да ги одржи 68 и 69 седница, на кои пратеиците ќе расправаат по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, во второ читање, по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка и по Предлог на закон за изменување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, во прво читање. цр/вг/
Фото: МИА архива