• сабота, 07 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Седници на седум собраниски комисии

Седници на седум собраниски комисии

Скопје, 10 март 2025 (МИА) - Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика, за образование, наука и спорт, за земјоделство, водостопанство и шумарство, за финансирање и буџет, за социјална политика, демографија и млади и Законодавно-правната комисија. Ќе заседаваат и Комисијата за европски прашања, и Националниот совет за евроинтеграции. 

На дневен ред Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика се измените на Законот за вработување и работа на странци, на Законот за Европски работнички совет, на Законот за евиденциите во областа на трудот и Предлог на закон за работно ангажирање на лица, сите во прво читање. 

Комисијата за образование ќе ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за спортот и на Законот на Државниот испитен центар, двата по скратена постапка. 

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот на шумите, по скратена постапка ќе биде разгледуван на матичната собраниска Комисија за земјоделство, водостопанство и шумарство. 

Комисијата за финансирање и буџет ќе го разгледува Предлог на закон за изменување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, по скратена постапка. 

На дневен ред на Комисијата за социјална политика, демографија и млади е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка. Засега нема информации кој ќе ја води оваа седница, по оставката на претседателката Илире Даути од Европскиот фронт. Една од деловничките опции е претседателот на Собранието Африм Гаши да назначи пратеник што ќе го прави тоа до избор на нов претседател на ова собраниско тело. 

Во Собранието денеска ќе заседаваат и Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции. Пред членовите на овие две тела ќе биде презентирана програмата и приоритетите на Полското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јануари-јуни 2025 година. ев/са/

ФОТО: МИА архива 

Остани поврзан