• понеделник, 23 декември 2024

Седница на црногорската Влада за Основниот договор со СПЦ, неизвесно дали ќе се гласа по документот

Седница на црногорската Влада за Основниот договор со СПЦ, неизвесно дали ќе се гласа по документот
Подгорица, 8. јули 2022 (МИА) - Владата на Црна Гора на седницата што е предвидено да започне точно напладне ќе расправа за утврдување на Основниот договор со Српската Православна Црква, но останува неизвесно дали ќе се гласа по документот Усвојувањето на Основниот договор го загрозува опстанокот на Владата на премиерот Дритан Абазовиќ бидејќи Социјалдемократската партија и Демократската партија на социјалистите се против Нацрт-договорот. Усвојувањето на Договорот би можело да резултира со пад на Владата. Доколку го освои документот чиј текст е спорен за дел коалициските партии, тоа би можело да доведе некоја од партиите што се противат на договорот да покренат иницијатива за гласање недоверба на Владата на Абазовиќ. Друга можност е да се побара распуштање на Парламентот на Црна Гора, што би довело до нови избори. Опозициските социјалдемократи (СД) веќе покренаа иницијатива за скратување на мандатот на Парламентот на Црна Гора. Премиерот Дритан Абазовиќ синоќа за националната телевизија изјави дека ќе одлучи дали гласањето ќе се одржи денеска или, како што наведе, „евентуално тоа ќе биде спроведено на некоја онлајн седница доколку отуствуаат некои министри". Иако, според Деловникот на Владата, работната верзија на Основниот договор требаше да биде одобрена од Комисијата за политички систем, телото воопшто не расправало по документот. Вчерашната средба на Абазовиќ со лидерите на партиите кои партиципираат во Владата или оние што ја поддржуваат во Парламентот, не резултираше со договор. Претходните денови зачестија барањата за времено одложување на усвојувањето на Основниот договор, а беа одржани и три граѓански протести, со повици за протести и во пресрет на денешната владина седница. Претпладнево започна средбата што претседателката на Парламентот Данијела Ѓуровиќ ја свика со лидерите на парламентарните партии во врска со судските избори и изборните закони, на која присуствуваа и Абазовиќ и претседателот Мило Ѓукановиќ. аб/

Остани поврзан