Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО - Скопје
- Советот на јавните обвинители денеска треба да ја одржи 40-тата седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои донесување одлука за избор на виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство - Скопје.
Скопје, 27 март 2026 (МИА) – Советот на јавните обвинители денеска треба да ја одржи 40-тата седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои донесување одлука за избор на виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство - Скопје.
На дневен ред е и донесување одлука за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција - Скопје.
Седницата првично беше закажана за 18 март годинава, но беше одложена. аа/вг/
Фото: МИА архива