Седница на собраниската Комисија за економски прашања
- Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања.

Скопје, 3 март 2022 (МИА) - Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања.
Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за концесиии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка, во второ читање и Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, во прво читање, се на дневниот ред на седницата.
Како што е најавено, пратениците ќе расправаат и по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Јавни претпријатија, како и за Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, во прво читање. цр/лв/