• сабота, 21 декември 2024

Седница на кризниот штаб на Пехчево: Пожарот ќе се гасне утре изутрина со два полициски хелихоптери и од земја

Седница на кризниот штаб на Пехчево: Пожарот ќе се гасне утре изутрина со два полициски хелихоптери и од земја

Скопје, 11 август 2024 (МИА) - Кризниот штаб на Пехчево вечерва одржа седница на која, како што информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, е договорено за гаснење на пожарот рано наутро со дејство да започнат два полициски хеликоптери. Во гаснење на пожарот ќе учествуваат и пожарникари од околните градови, Национални шуми и ДЗС. 

-Помалиот хеликоптер ќе полни вода од специјално за таа намена наместен базен на стадионот во Пехчево, а големиот МИ 171 со ведро од 2,5 тона ќе полни од 25 тонски базен со вида на приватна фирма која стопанисува со плантажа со лешници. Од земја ќе гаснат пожарникари од Берово, Виница, Кочани, Кавадарци како и вработени од Национални Шуми и тим од Дирекцијата за заштита и спасување, информира Ангелов. ев/

ФОТО: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан