• недела, 24 ноември 2024

Седлоски: Шкупи има квалитет да се пласира во групната фаза во Лигата на Конференции

Седлоски: Шкупи има квалитет да се пласира во групната фаза во Лигата на Конференции
Скопје, 17 август 2022 (МИА) – Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски е оптимист пред пресметките со Балкани од Косово во плејофот од Конференциската лига на УЕФА. Со евентуален успех, македонскиот шампион ќе стане втората екипа од нажата држава која изборила учество во групна фаза во еврокуповите. Првиот тим е Вардар кој во ерата на Сергеј Самсоненко играше во групите во Лига Европа. Седлоски смета дека неговите играчи со настапите на евро-сцената сезонава покажале дека со право можат да се надеваат на победа над Балкани. - Ќе дадеме максимални напори да се радуваме на крајот на пресметките со Балкани. Противникот ни е познат од пријателскиот натпревар во подготвителниот период. Тие покажаа дека се квалитетен тим. Кај нас е позитивно тоа што сме комплетни без повредени играчи. Очекувам добро наше издание и со трпелива игра да дојдеме до посакувана цел, изјави Седлоски. Слично како тренерот Седлоски, размислува и Бесир Демири кој вети максимално залагање на сите играч кои ќе добијат шанса да настапат. Натпреварот Шкупи – Балкани ќе се игра утревечер од 21 часот на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. зс/

Остани поврзан