• четврток, 19 декември 2024

Седиштето на владејачката партија во Јапонија нападнато со запаливи бомби

Седиштето на владејачката партија во Јапонија нападнато со запаливи бомби

Токио, 19 октомври 2024 (МИА) - Едно лице денеска фрлило неколку запаливи бомби на седиштето на јапонската владејачка Либерално-демократска партија во Токио, објавија јавниот сервис НХК и други јапонски медиуми.

Не е соопштено дали има повредени, осомничениот е приведен, а се уште не е познат мотивот за нападот.

Полицијата во Токио не ги коментираше наводите, додавајќи дека истрагата е во тек.

Владејачката Либерално-демократска партија е сè понепопуларна во јавноста поради повеќе скандали, вклучително и даночно затајување и проневера на значителни суми на пари. Од партијата исто така одбија да го коментираат нападот, повикувајќи ги заинтересираните во полиција.

Гласањето за долниот дом на јапонскиот парламент е закажано за 27 октомври. Некои политичари инволвирани во скандали ја загубија официјалната поддршка од владејачката партија, но се кандидираат како независни.

Партијата неодамна избра нов лидер, премиерот Шигеру Ишиба, надевајќи се на нов имиџ. Сепак, анкетите покажуваат дека неговата популарност опаѓа, иако не е јасно дали е на пат да ги загуби изборите, со оглед на распарчената опозиција.

Либерално-демократската партија владее со Јапонија, без прекин, неколку децении. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан