• вторник, 14 мај 2024

Севиља со пресврт до триумф над Манчестер јунајтед за финале во Лига Европа

Севиља со пресврт до триумф над Манчестер јунајтед за финале во Лига Европа
Келн, 16 август 2020 (МИА) – Фудбалерите на Севиља изборија финале во Лига Европа, откако вечерва во Келн го совладаа Манчестер јунајтед со 2:1. Иако полуфиналниот дуел почна одлично за Јунајтед и водство по само девет минути игра, сепак до крајот шпанскиот тим постигна два гола и се обезбеди меч за трофејот во второто по квалитет клупско континентално натпреварување. Голот за Манчестер го постигна Бруно Фернандеш од пенал. Изедначи Сусо во 26. минута, а целосен пресврт навести Лук Де Јонг со погодокот во 78. минута. Противник за Севиља во финалето ќе биде победникот од утрешниот меч во кој се среќаваат Интер и Шахтјор. зс/

Остани поврзан