• недела, 22 декември 2024

Генералното собрание на ОН со големо мнозинство ја поддржа палестинската резолуција, Северна Македонија воздржана

Генералното собрание на ОН со големо мнозинство ја поддржа палестинската резолуција, Северна Македонија воздржана

Скопје, 19 септември 2024 (МИА) - Генералното собрание на ОН денеска со големо мнозинство ја поддржа необврзувачката палестинска резолуција со која се бара Израел да го прекине своето „незаконско присуство“ во Газа и окупираниот Западен Брег во рок од една година.

За резолуцијата гласаа 124 од 193 членки на светската организација, 14 беа против, 43 беа воздржани.

Во резолуцијата се бара и повлекување на сите израелски сили и евакуација на еврејските доселеници од окупираните палестински територии „без одлагање“.

Амбасадорот на Израел во ОН, Дани Данон, ја означи резолуцијата како „обид да се уништи Израел преку дипломатски тероризам“ во која никогаш не се спомнуваат злосторствата на Хамас и „ја игнорира вистината, ги искривува фактите и ја заменува реалноста со фикција“.

Северна Македонија се воздржа од гласање, заедно со Велика Британија, Германија, Италија, Холандија, Австрија, Швајцарија, Шведска, Данска, Хрватска, Бугарија, Романија, Полска, Словачка, Литванија, Украина, Србија, Албанија, Канада, Индија, Австралија и други земји.

Против гласаа САД, Израел, Чешка, Унгарија, Аргентина и други земји. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан