Северна Кореја потврди дека тестираше нов тип на интерконтинентална балистичка ракета
- Лидерот на Северна Корејка, Ким Џонг-ун лично нареди лансирање на нов тип на интерконтинентална балистичка ракета, јави државната севернокорејска новинска агенција КЦНА
Пјонгјанг, 24 март 2022 (МИА) – Лидерот на Северна Корејка, Ким Џонг-ун лично нареди лансирање на нов тип на интерконтинентална балистичка ракета, јави државната севернокорејска новинска агенција КЦНА.
- Тестирањето на новиот тип интерконтинентална балистичка ракета Хвасонгфо-17 на Стратешките сили на Народна Република Северна Кореја беше извршено на 24 март по наредба на Ким Џонг-ун, објави КЦНА.
Со тоа Пјонгјанг официјално го потврди она што претходно денеска го соопшти јужнокорејскиот претседател Му Џае-ин.
Лансирањето на таков тип ракети предизвика бројни меѓународни осуди. ми/