• четврток, 21 ноември 2024

Северна Кореја: Испраќањето дронови од Јужна Кореја во Пјонгјанг е политичка и воена провокација

Северна Кореја: Испраќањето дронови од Јужна Кореја во Пјонгјанг е политичка и воена провокација

Пјонгјанг, 11 октомври 2024 (МИА) – Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека Јужна Кореја испратила дронови во Пјонгјанг и оцени дека овој потег претставува политичка и воена провокација, пренесува денеска агенцијата КЦНА.

Беспилотни летала долетале во Пјонгјанг во текот на ноќта и фрлиле „голем број“ летоци против Северна Кореја во главниот град минатата и оваа недела, се вели во соопштението.

Упадот на дронот бара одмазднички дејствија, предупредува севернокорејското министерство, а истовремено ја повикува Јужна Кореја да престане со таквите акции.

- Оваа неодговорна и опасна провокација, која може да доведе до вооружен конфликт, па дури и до војна меѓу двете страни, треба веднаш да престане, се вели во соопштението.

Јужна и Северна Кореја технички сè уште се во судир откако нивната војна, која траеше од 1950 до 1953 година, заврши со примирје, а не со мировен договор. јт/

Фото: ЕПА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан