• четврток, 26 март 2026

Северна Кореја го претстави новиот повеќенаменски брод разорувач

Северна Кореја го претстави новиот повеќенаменски брод разорувач

Пјонгјанг, 26 април 2025 (МИА) – Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун вчера присуствуваше на лансирањето на новиот повеќенаменски брод разорувач во бродоградилиштето Нампо, објави државната новинска агенција КЦНА.

- Воениот брод од 5.000 тони е опремен со најмоќното оружје и е изграден во рок од 400 дена целосно со наша сопствена сила и технологија, изјави секретарот на владејачката Работничка партија на Кореја, Џо Чунг-рјонг.

Ким им се заблагодари на работниците и техничарите за изградбата на новиот разорувач, кој „ја следи партиската линија за зајакнување на военопоморските сили“. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан