Северна Италија погодена од невреме кое предизвика поплави и прекини во сообраќајот
- Северот на Италија е зафатено од невреме кое предизвика лизгање на земјиштето и поплави, поради што железничкиот сообраќај е запрен, а училиштата на некои места беа затворени.

Рим, 17 октомври 2024 (МИА) - Северот на Италија е зафатено од невреме кое предизвика лизгање на земјиштето и поплави, поради што железничкиот сообраќај е запрен, а училиштата на некои места беа затворени.
Невремето посебно го погоди северозападниот регион Лигурија.
Два лета кон Џенова беа пренасочени за Пиза и Торино, додека летовите од Рим и Пиза беа пренасочени за Катанија или откажани. Во Емилија Ромања и пристанишниот град Ла Специја е вклучен портокалов аларм, каде што училишта се затворени, пренесува „Стампа“.
Надлежните служби наведуваат дека невремето денеска ќе ја погоди и Ломбардија и Тоскана. Особено внимание е посветено на провинциите Парма и Пјаченца, како и на планинските и ридските области на покраината Реџо Емилија.
Во Милано е вклучен жолт метеоаларм поради опасност од поплави на двете реки Севезо и Ламбро. Надлежните апелираа до граѓаните да не се задржуваат во близина на дрвја, скелиња и градилишта за време на невремето. ссм/
фото: принтскрин