Себалос: Секој фудбалер на светот сака да игра за Реал, ова е совршен клуб за да се успее
- Играчот од средниот ред на Арсенал, Дани Себалос, чии права му припаѓаат на Реал Мадрид, го сподели своето мислење за неговата иднина во шпанскиот клуб.

Мадрид, 21 мај 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Арсенал, Дани Себалос, чии права му припаѓаат на Реал Мадрид, го сподели своето мислење за неговата иднина во шпанскиот клуб.
- Јас сум играч на Реал Мадрид. Секој фудбалер на светот сака да игра за Реал Мадрид. Мојот договор со клубот истекува за три години, и ова е совршен тим да се успее. Најдобрите изданија на Себалос допрва доаѓаат. Се чувствувам како дел од тимот, ја осознавам мојата важноствашата важност, да се биде лидер е она што навистина ми се допаѓа, изјави 23-годишниот фудбалер во интервју за „ТВЕ“.
Себалос од 2107 година е играч на Реал, во 2019 отиде на позајмица во Арсенал, а има настапувано и за Бетис. зс/