• недела, 19 мај 2024

Себалос за Гвардиола: Артета учеше од можеби најдобриот тренер во историјата

Себалос за Гвардиола: Артета учеше  од можеби најдобриот тренер во историјата
Лондон, 25 април 2020 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себалос, кој игра во Арсенал на позајмица, зборуваше за работата под водство на Микел Артета. - Ми се допаѓа да работам со Артета. Како асистент на Гвардиола, имаше можност да учи од можеби најдобриот тренер во историјата. Тој има свој концепт и карактер на победникот. Мислам дека во блиска иднина ќе стане еден од најдобрите тренери во Англија, рече Себалос. Артета влезе во стручниот штаб на Гвардиола во Манчестер сити во 2016 година, а во декември 2019 година го презема Арсенал. зс/

Остани поврзан