• понеделник, 23 декември 2024

Себалос бара од Реал да го раскине договорот за закуп со Арсенал

Себалос бара од Реал да го раскине договорот за закуп со Арсенал
Лондон, 23 јануари 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Дани Себалос, чии права му припаѓаат на Реал Мадрид, има намера предвреме да го напушти лондонскиот клуб. Дваесет и тригодишниот Шпанец побара од мадридскиот тим да го раскине договорот за закуп со лондончаните пред крајот на сезоната и да му овозможи да пронајде нов клуб. На последните четири натпревари Себалос беше резерва. Во пресрет на Европското првенство 2020, играчот од средниот ред се плаши да не го загуби местото во шпанската репрезентација. зс/

Остани поврзан