• недела, 22 декември 2024

СДСМ: Чулев за два дена потврди дека е дел од режимска матрица

СДСМ: Чулев за два дена потврди дека е дел од режимска матрица
Скопје, 5 јануари 2020 Само 2 дена му требаа на новиот технички министер на МВР Наќе Чулев да потврди дека тој е дел од режимот за чие време МВРО-ВМРО одлучуваше за судбината на нашите граѓани. Техничкиот мнистер за внатрешни работи во преодната Влада, Наќе Чулев, беше директор на Агенцијата за разузнавање во време кога се случија настаните во „Диво Насеље“. Чулев има хипотека со „Диво Насеље“ која ќе има негативни импликации во јавноста и кај вработените во МВР, а за да се докаже ова му требаа само 2 дена. Целосна невистина е тврденњето на Чилев за интервју за ТВ АЛфа дека се делеле незаконски решенија и дека постои наводна поврзаност на вработени во  МВР со криминалните структури. „Новиот“ лик на ВМРО-ДПМНЕ покажува стари режимски навики, се шират намерни лаги. За само 2 и пол години Оливер Спасовски направи многу повеќе за МВР од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи за 11 години. Откако СДСМ ја предводи Владата, за само 2.5 години почна да се враќа угледот и довербата во МВР, полицијата е професионализирана и работи во служба на законите и во интерес на граѓаните. Уште поконкретен доказ за одговорното за работењето на МВР под раководство на Спасовски е анкетата на ОБСЕ за довербата на граѓаните во полицијата, која јасно покажува дека довербата во полицијата расте односно дека граѓаните сметаат дека полицијата работи добро и дека се минато времињата кога со МВР раководеше ВМРО-ДПМНЕ, а довербата беше сведена на мизерни бројки токму поради партиската злоупотреба на полицијата. Како човек од безбедносно-разузнавачката заедница Чулев треба да ги знае законите во Република Северна Македонија и да е свесен дека сомнежи за евентуална поврзаност со криминални структури се пријавуваат во Јавното обвинителство, а не во интервјуа. ВМРО-ДПМНЕ е заробена во сопствените црнила и криминалната матрица на Груевски, затоа предложи решение како Чулев и затоа и не може да се помири дека МВР за време на СДСМ функционираше професионално. Нема повеќе МВРО-ВМРО! Нема повеќе режим! СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан