• недела, 22 декември 2024

СДСМ: Нема да дозволиме Мицкоски да создаде криза, по сила на закон избори треба да има на 21 јуни

СДСМ: Нема да дозволиме Мицкоски да создаде криза, по сила на закон избори треба да има на 21 јуни
Скопје, 19 мај 2020 Прочитани се обидите на Христијан Мицкоски кој сака да ја внесе државата во политичка криза само затоа што се плаши од изборен пораз заради неговото незрело и неодговорно однесување како во време на кризата, така и во претходните три години. СДСМ и граѓаните нема да го дозволат тоа. Токму Мицкоски се сложи за избори на 12 април. Токму ВМРО-ДПМНЕ гласаше за распуштање на Собранието, подддржа распишување избори, влезе во техничка влада, поднесе пратенички листи, стави печат на кандидатските листи, учествуваше во жребувањето и дури има и свое бројче на гласачкото ливче. Мицкоски може да бира само дали ќе води кампања или не, неговата партија во секој случај ќе се најде на гласачкото ливче. СДСМ е одговорна партија и како и досега дава шанса на консензусот за важни прашања, но доколку нема договор, доколку продолжи незрелоста и неодоговорноста на Мицкоски, тогаш по сила на закон изборите ќе бидат на 21 јуни, 22 дена по истекот на вонредната состојба на 30 мај, ако таа не се продолжи. Нема да дозволиме неодговорното и незрело однесување  на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ја втурне нашата држава  во лош правец. Исто како што не дозволивме тоа да се случи и за време на оваа здравствена криза. Избори мора да има заради здравјето на граѓаните, заради новата економија за која се подготвуваме, заради институциите кои треба да им служат на граѓаните во оваа државата. СДСМ – Центар за комуникации со јавноста ______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан