• вторник, 12 ноември 2024

СДСМ: Мизрахи не само што го крши Уставот туку и дрско лаже

СДСМ: Мизрахи не само што го крши Уставот туку и дрско лаже
Скопје, 9 февруари 2020

Послушничката на Христијан Мицкоски и кадарот на Груевски Рашела Мизрахи не само што го крши Уставот и го загрозува членството во НАТО и ЕУ туку и дрско лаже.

Лага е дека немало нова табла како што лаже Мизрахи. До доаѓањето на Мизрахи во Министерството се почитуваа уставот, законите и уставното име на државата.

Мизрахи по налог на Мицкоски и Груевски го прекршува Уставот, го загрозува членството во НАТО и ЕУ ризикува враќање на кавгите со соседите и нови блокади.

Тоа е враќањето назад за кое зборува Мицкоски, извршителот на Никола Груевски.

Целта на извршителот Мицкоски е да се вратиме во изолација, во режим, да бидеме надовр од НАТО и ЕУ.

Мандатот на Мизрахи во преодната Влада е да внимава да нема злоупотреби во нејзиниот ресор со цел да се одржат фер, слободни и демократски избори, а не е да исполнува агенди и нарачки на Мицкоски и Груевски кои се насочени против ЕУ и НАТО.

Затоа на 12 април уште еднаш ќе бидат казнети, а нивните погубни политики ќе бидат поразени.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан