• недела, 22 декември 2024

СДСМ: Усвоени законските измени за антикризните мерки на Владата, го штитиме стандардот на граѓаните

СДСМ: Усвоени законските измени за антикризните мерки на Владата, го штитиме стандардот на граѓаните
Скопје, 12 март 2022 Вечерва Собранието ги усвои потребните законски измени за акцизите и за ДДВ, кои ги предложи Владата. Со ова исполнети се правните услови за целосна реализација на антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ кои ги објави премиерот Димитар Ковачевски. Со сет од 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра го штитиме стандардот на граѓаните и економијата а ги помагаме и компаниите, стопанството. Го укинуваме ДДВ за основните производи храна. Лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, шеќерот, месото, јајцата и оризот се опфатени со оваа мерка. Ги укинуваме царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи. Ја намалуваме акцизата за горивата и го намалуваме ДДВ за енергенсите од 18 на 10%. Без плаќање ДДВ при увоз на гас, електрична и топлинска енергија. Силно ги субвенционираме граѓаните за електрична енергија која би била 80% поскапа доколку нема субвенции, ги поддржуваме финансиски ранливите категории на граѓани за струја и купување основни производи, а преку низа мерки ги одржуваме цените на основните производи стабилни. Има мерки заштита на ликвидноста на компаниите и финансиска поддршка на стопанството. Покрај овие мерки, ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, воведовме финансиска помош од 3.000 денари за пензионерите и историски најмногу ги зголемивме пензиите. Во услови на најголема криза парите ги насочуваме онаму каде што се најпотребни, кон заштита на стандардот на граѓаните и економијата. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан