СДСМ: Унгарија ја избра Европа наместо Русија
- На историските парламентарни избори, убедлива победа оствари Тиса, предводена од Петер Маѓар. Ова не е само победа на една партија. Ова е победа на демократијата над автократијата, на Европа над руското и кинеското влијание и на владеењето на правото над корупцијата.
Скопје, 13 април 2026
Граѓаните на Унгарија јасно и гласно рекоа: ДОСТА Е автократија! По 16 години владеење на Виктор Орбан, неговиот недемократски режим падна, стои во соопштението на СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
На историските парламентарни избори, убедлива победа оствари Тиса, предводена од Петер Маѓар. Ова не е само победа на една партија. Ова е победа на демократијата над автократијата, на Европа над руското и кинеското влијание и на владеењето на правото над корупцијата.
Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во Европската Унија. Нема повеќе криење на Никола Груевски во Будимпешта, тајни бизнис-комбинации, ниту кинески пари кои доаѓаа преку тој режим.
Паѓаат автократските режими. Следен е Александар Вучиќ, а со него и Христијан Мицкоски.
Регионот припаѓа на Европа, а не на Русија.
Историската победа во Унгарија испраќа јасна порака до целиот регион: времето на автократите завршува!
Фото: МИА архива