СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата - стандардот на граѓаните опаѓа
- Со Мицкоски како премиер, трошоците за живот растат, реалната плата се намалува a животниот стандард на граѓаните опаѓа, наведува СДСМ во соопштение до медиумите што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 26 септември 2025
Со Мицкоски како премиер, трошоците за живот растат, реалната плата се намалува a животниот стандард на граѓаните опаѓа, наведува СДСМ во соопштение до медиумите што МИА го пренесува интегрално.
Три месеци по ред се намалува реалната нето-плата! Два месеци по ред се намалува номиналната нето-плата!
Во мај 2025 просечната плата била 45 796 денари, а во јули 45 276 денари!
Тоа значи 520 денари пониска плата, во услови на повисоки цени на основните трошоци.
Намалувањето на реална плата значи дека стандардот на граѓаните опаѓа а расте сиромаштијата.
Синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство веќе надмина 65.000 денари месечно.
Граѓаните со својата плата купуваат сѐ помалку, бидејќи цените растат, а примањата опаѓаат.
Едно просечно домаќинство не може да ги покрие основните трошоци за храна, сметки, превоз и лекови.
Ваквиот пад на стандардот е директна последица на неспособната на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и промашените економски политики.
Ова е влада која воопшто не се грижи за граѓаните и мисли само на својот луксуз.
Додека граѓаните едвај врзвуваат крај со крај владата на Мицкоски троши 180 илјади евра за бадеми и лешници, за папаја и манго, за луксузирање на функционерите врз грбот на народот.
СДСМ ќе продолжи да се бори за граѓаните, да предлага мерки и закони за раст на платите, за намалување на трошоците за живот и повисок животен стандард.
Одговор на новинарско прашање
Дозволете ми уште еднаш да потсетам јавноста дека ова не е предлог резолуција за препукување помеѓу политичките партии, туку е предлог резолуција за обединување.
Оставаме сите други политички партии да ја разгледаат предлог-резолуцијата, да се изјаснат за истата и секако после тоа и ние ќе коментираме. Јас кажав, ова е предлог резолуција којашто е презентирана пред јавноста и е презентирана пред сите останати политички партии и секако оставаме време, како што кажавме, да ја разгледаат.
И уште еднаш ќе напоменам и мислам дека овој апел ќе стигне до сите затоа што станува збор за предлог резолуција којашто е за обединување, а не е за разединување и најмалку за политички препукувања.
Ова е предлог резолуција којашто е направена со сериозен пристап, со експерти и многу прецизна.
Затоа сакаме да оставиме време да ја разгледаат сите политички партии и после тоа да се произнесат, секако откако внимателно ќе ја разгледаат резолуцијата.
Затоа токму тоа го кажав, дека кога ќе се произнесат тогаш ќе знаеме и ние, секако, да се произнесеме по однос на реакциите и прифаќањата од страна на сите политички партии.
СДСМ