СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија - толку од независноста на судството
- Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија, кој се очекува да биде изгласан набргу. Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанција во државата, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално.
Скопје, 13 февруари 2026 - Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија, кој се очекува да биде изгласан набргу. Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанција во државата, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално.
Дополнително, Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции од ВМРО, Васко Наумовски, со што политичките релации и влијанија се уште еднаш потврдени.
Власта ги зеде под целосна своја контрола судството и Обвинителството.
Го сменија јавниот обвинител и планираат избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судскиот совет. Сега советник на Мицкоски во Уставниот суд.
Додека Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат.
Носат закони за правосудатвото, кои се спротивни на препораките на ЕУ.
Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата. Исто како во времето на Никола Груевски.
Следува целосно погребување на правдата и правната држава.
Фото МИА архива