• сабота, 21 декември 2024

СДСМ: Секоја вечер има пукање, одговорност од Тошковски

СДСМ: Секоја вечер има пукање, одговорност од Тошковски

Скопје, 3 септември 2024 

Синоќа ново пукање, уште едно во низата, а повредено е младо момче од 19 години со прострелна рана.


Дополнително, во Струга, исто така во текот на вчерашната вечер околу 1 часот е запалено возилото на Началникот на полицијата.


Ова е второ запалено возило на полицаец за кратко време, после палењето на возилото на инспектор од Виница. Криминалците не се плашат од Тошковски, тој не може ниту полицајците да ги заштити.


Со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див Запад, се пука речиси секој ден, се палат возила на полицајци, има криминални пресметки. Хаос.


Само пред 4 дена имаше исто така пукање во Арачиново. Пред 10 дена се случи убиство кај Мавровка, пред тоа во  Чаир, Синѓелиќ, Батинци, Тетово, на Пластичарска улица...


А сторителите досега не се пронајдени. Од вкупно 8 убиства и обиди за убиства досега едвај едно има расчистено Тошковски. Криминалците бегаат од затворите, Тошковски не може да ги лоцира, на северната граница никој нема контрола се поминува како хотел Промаја.


Улиците станаа небезбедни, граѓаните стравуваат за својата безбедност. Криминалците прават што сакаат.


Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи.


Дали Мицкоски ќе собере храброст и да го повика на одоговрност Тошковски или ќе го брани?

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан