• сабота, 06 декември 2025

СДСМ: Преку спортот реализиравме хуманитарна акција за поддршка на млади и деца со попреченост

СДСМ: Преку спортот реализиравме хуманитарна акција за поддршка на млади и деца со попреченост
Скопје, 2 октомври 2022
Денеска во Кривогаштани се одржа вториот регионален натпревар во рамки на хуманитарниот турнир „Млади и солидарни“ во организација на СДММ, Социјалдемократската младина на Македонија.
Млади од целиот Пелагониски регион играа за хумани цели на спортскиот терен во Кривогаштани и заедно собираа средства за центрите за поддршка на младите и децата со попреченост.
Преку спортот, СДММ реализира хуманитарна акција за поддршка на млади и деца со попреченост. Со хуманитарен турнир во мал фудбал се собираат средства за Центрите за поддршка на млади и деца со попреченост.
Напреварите во рамки на хуманитарниот турнир продолжуваат и во наредните недели, месец октомври за СДММ е хуман месец. Следниот викенд продолжуваат натпреварите во Струга каде игра Југозападниот регион а потоа и во Маврово Ростуше за Полошкиот регион.
СДММ ги поканува младите да се приклучат, заедно да играме и да донираме, секој оноклку колку може.
Да бидеме хумани, да се поддржуваме, да си подаваме рака.
Центар за комуникации на СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан