• четврток, 26 март 2026

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против предлог-законот за изменување на Законот за вино

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против предлог-законот за изменување на Законот за вино

12 септември 2025

Денеска, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против предлог-законот за изменување на Законот за вино, поднесен од пратеничката група на СДСМ да биде ставен на дневен ред по скратена постапка, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Со тоа, директно застанаа против дополнителната финансиска поддршка за лозарите од 3 денари по килограм грозје и против укинувањето на одредбата која дозволува 8% намалување на откупната цена.

Ова е срамен и нечовечки однос кон 11.000 семејства кои егзистираат од лозарството.  

Законското решение што го предложи СДСМ по иницијатива на претседателот Венко Филипче беше на барање на лозарите и е одговор на реалните потреби во време кога се соочуват со ниски откупни цени за винското грозје и зголемени трошоци за производството. 

Наместо да застане во заштита на лозарите и да им даде 3 денари субвенција, власта застана на страна на винариите- за нив овозможи 2 денари субвенција.  

СДСМ и претседателот Венко Филипче остануваат на страната на лозарите. Ќе продолжиме да се бориме за нивните права,  за фер услови и поддршка за секој лозар.

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста

Остани поврзан