• понеделник, 23 декември 2024

СДСМ: Пакетот мерки е за граѓаните и стопанството, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат

СДСМ: Пакетот мерки е за граѓаните и стопанството, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат
11 март 2022 
Пакетот 26 мерки вредни 400 милиони евра е за заштита на граѓаните и стопанството во услови на глобална економска и енергетска криза.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница треба да покажат одговорност и да се откажат од блокадите кои се нивна вообичаена пракса на речиси сите законски измени.
Ако веќе не сакаат да помогнат, тогаш да не одмагаат.
Ситуацијата со огромната светска економска и енергетска криза бара одговорност од сите пратаеници, последиците се сериозни, граѓаните не смеат да чекаат ниту ден повеќе.
Со почит,
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 
Реакција на прес-конференцијата на Гордана Кочовска Димитриевска
  ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан