• недела, 22 декември 2024

СДСМ: Оставката на Комисијата за помилување е потврда за одговорноста на Сиљановска

СДСМ: Оставката на Комисијата за помилување е потврда за одговорноста на Сиљановска

Скопје, 26 октомври 2024

По колективната оставка на Комисијата за помилувања разобличена е денешната ноторна лага на Мицкоски кој ја обвини претходната влада дека оставила кукавичко јајце со помилувањата. Уште колку лаги ќе каже премиерот само да избегнат одговорност тој и Силјановска? Оставката на Комисијата е само уште една потврда за одговорноста на Силјановска која треба да се одважи и да ја преземе одговорноста.

Повеќе од јасно е дека таа ги дава помилувањата и последната одлука е токму нејзина. Наместо да се кријат таа и Мицкоски зад комисијата, треба да излезат и да кажат во каков договор се со помилуваните нарко босови. Нарко босовите лично и се заблагодарија на Силјановска за помилувањата и ниедна оставка не може да ја спаси од одговорност. Обидот на Мицкоски да ја префрли вината на СДСМ пак е доказ за манипулациите и лагите на кои е спремен премиерот кога е фатен во тесно. 

Од Мицкоски одговорност и чесно признание на криминалите во кои е фатен граѓаните нема никогаш да видат. Станува збор за човек кој нема чуство за лидерство и правда и ова е само најава дека за секој следен случај тој ќе ја обивнува СДСМ. Ова е одлика на слабите лидери и лоши политичари каков што е Мицкоски. Со вакво однесување ниту правда, ниту одговорност ќе има во државата и владините функционери.

Јавно ги повикуваме Мицкоски и Силјановска - излезете признајте ја вината и извинети им се на граѓаните што ослободивте опасни криминалци, ако веќе немате намера да признаете кој е договорот со нив.

Центар за комуникации на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан