СДСМ: Оддадена почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак
- Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно со Ема Нешковска- заменик претседателка на Форумот на жени и Жика Алексоски – претседател на ОО СДСМ Тетово денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 8 август 2025
Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно со Ема Нешковска- заменик претседателка на Форумот на жени и Жика Алексоски – претседател на ОО СДСМ Тетово денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Вечна им слава на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и на Дарко Велјаноски, армиските резревисти кои на 8 август 2001 година беа убиени кај месноста Карпалак.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Фото: СДСМ