• понеделник, 23 декември 2024

СДСМ: Нова субвенција од шест илјади денари и зелена нафта за тутунарите во 2024 година

СДСМ: Нова субвенција од шест илјади денари и зелена нафта за тутунарите во 2024 година

Скопје, 30 декември 2023

СДСМ води грижа за тутунарите, за секој еден земјоделец. Со СДСМ земјоделците добиваат повеќе, има повеќе за сите.

Во ек на откупот на тутун, СДСМ интервенира во интерес на тутунарите и производството.

Минатата година целиот тутун беше откупен од откупувачите во прва класа, а државата исплати кон тутунарите рекордни 26 милиони евра субвенции.

Цените со кои започна годинешниот откуп ги сметавме за мали и затоа преку Министерството за земјоделство преземаме нови мерки за поголема, фер цена.

Ги зголемуваме субвенциите за дополнителни 20 до 30 денари, по класи за предаден тутун.

Ставајќи го на располагање повторно истиот буџет од 26 милиони евра, постигнувајќи оваа година рекордни субвенции за тутун по класи.

Очекуваме за прва класа субвенцијата за откупен килограм тутун да изнесува меѓу 100 и 110 денари зависно од пресметките. И тоа е повеќе за сите.

Тутунот е наша значајна култура, но и култура која е тешка за производство.

СДСМ го почитува и реално го вреднува трудот на тутунарите.

Во 2024 година за тутунарите, покрај субвенционирањето по класи, даваме нова можност за поддршка креирајќи нова мерка за основна субвенција по пријавена површина.

Мерката е во висина од 6.000 денари по хектар.

Со пријавувањето за оваа основа субвенција по хектар, овозможуваме на тутунарите за прв пат да го остварат и правото за аплицирање за зелена нафта.

Оваа мерка од 2024 година ја зголемуваме со 100% поддршка за сите земјоделци. И тоа е повеќе за сите.

Заедно со земјоделците, со тутунарите, слушајќи го нивниот глас, најдовме соодветни решенија за сите тутунари и силно ги поддржуваме.

Евидентните бели картони, сложената процедура и линеарната исплата од 60 денари по килограм за тутунот во време на ДПМНЕ, денес се само лошо минато.

СДСМ ќе продолжи со мерките и политиките во интерес на тутунарите.

Центар за комуникации на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан