• вторник, 23 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

СДСМ: На Скопје не му требаат рециклираните споменици од времето на режимот

СДСМ: На Скопје не му требаат рециклираните споменици од времето на режимот

28 јули 2025

Скопје 4 години тоне на секое поле, скопјани се соочуваат со нехигиена, хаос во јавниот превоз, урбанистичко дивеење, а ВМРО- ДПМНЕ и Арсовска се фатија за рециклирање на споменици од режимот и криминалниот Скопје 2014, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува во интегрална форма.

Андон Јанев- Ќосето е историска маргинална но длабоко контраверзна личност. Ваков споменик не треба да биде поставен каде било, а најмалку во Скопје. Неговото место, може да е само во соодветно поглавје од македонската историја, поткрепено со историски извори.

На Скопје не му треба ново споменично лудило туку реализација на проекти и подобрување на животот на скопјани.

На скопјани им треба чисто Скопје со функционални претпријатија, обнова на јавниот превоз, да живеат во метропола во која може да стигнат навреме и без нервози. 

На Скопје му треба запирање на урбанистичкиот хаос, целосна обнова на постојната инфраструктура на градот и враќање на културата, животот и урбаниот дух на Скопје, кој толку многу недостига.

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Остани поврзан