СДСМ: „Најдоброто за секоја општина„ продолжува
- По вчерашната граѓанска трибина во Скопје, СДСМ продолжува со засилените активности на терен, преку средби со граѓани на маалски и урбани средби како дел од караванот „Најдоброто за нашата оп
Скопје, 12 јуни 2021
По вчерашната граѓанска трибина во Скопје, СДСМ продолжува со засилените активности на терен, преку средби со граѓани на маалски и урбани средби како дел од караванот „Најдоброто за нашата општина“.
Денеска членовите на Извршниот одбор Благој Бочварски, Васко Ковачевски и Јована Тренчевска беа со граѓаните на Делчево, Крушево, односно Велес.
Пратеничките на СДСМ во Собранието Бисера Костадинова Белчева и Белкиса Зеќири ги посетија Маврово Ростуша, односно Пласница, додека членот на Централниот одбор, Коста Петров беше во посета на Аеродром.
СДСМ е во континуитет меѓу граѓаните, ги презентира досега спроведените мерки и проекти, но и ги слуша нивните потреби и барања.
Заедно со граѓаните ги бараме решенијата кои ги преточуваме во најдобра кадровска и програмска понуда за секоја општина, за секој град и секоја општина.
Тоа граѓаните го препознаваат и вреднуваат. Затоа СДСМ е фаворит на претстојните избори, затоа што го нуди најдоброто за секој граѓанин, затоа што излегува со чесна понуда.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
__________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.