• вторник, 16 декември 2025

СДСМ: Мицкоски побегна од Резолуцијата

СДСМ: Мицкоски побегна од Резолуцијата

Скопје, 16 декември 2025

Денес, кога Собранието треба да одлучува и кога опозицијата требаше да му поставува прашања на премиерот Христијан Мицкоски, тој наеднаш избега во Брисел, се посочува во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално. 

Ја остави Резолуцијата на СДСМ непотпишана а контра Резолуцијата остави да ја туркаат неговите послушници од ДПМНЕ и ЗНАМ.

Оние што верно го следат предавството на својот претседател и оние што ЗНААТ дека ја предале Македонија за пари.

Толку за „храбриот“ Христијан Мицкоски. 

Не смее да одговара на прашањата на опозицијата, затоа што вистината не може да ја погледне во очи!

Правдата ќе победи!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: МИА архива

Остани поврзан