• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: Мицкоски молчи за фактот што САД на црна листа го стави Груевски

СДСМ: Мицкоски молчи за фактот што САД на црна листа го стави Груевски
Скопје, 13 април 2022 Христијан Мицкоски молчи за фактот што САД на својата црна листа го стави неговиот шеф и осуден криминалец во бегство Никола Груевски. Причината за овој потег сите ја знаеме и слушнавме и во бомбите, а тоа е вмешаноста на Груевски во бројни случаи на корупција и криминал. На црната листа на САД заедно со Груевски е и братучедот Сашо Мијалков. Дали тишината, молкот на Мицкоски можеби значи дека тој стравува дека по Груевски тој е следен на црната листа на САД, како еден од соработниците на Никола Груевски, негова десна рака, негов советник, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ? Овие сомневања дополнително ги поткрепува фактот  што голем број на блиски соработници на Груевски во 11 годишниот режим, сега се блиски соработници на Мицкоски. До денеска Мицкоски се нема оградено за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ. Не слушнавме осуда за сторените дела, ниту згрозување, ниту извинување кон граѓаните. Христијан Мицкоски наместо повик за одговорност, останува на браникот на криминалот. Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата режимска и криминална партија. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан