• понеделник, 23 декември 2024

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари
17 септември 2022 Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека и Христијан Мицкоски ја продолжува праксата на својот претходник, да се меша во работата на сите градоначалници. Очигледно дека и Мицкоски има одредени интереси, па затоа и беше кавгата со Данела Арсовска, за пусти пари. За пусти пари од тендер вреден 136 милиони евра народни пари, Мицкоски и Арсовска се испокараа пред целата јавност. Наместо проекти, предлози и решенија, скопјани од ВМРО-ДПМНЕ видоа само партизација на институциите, неработење и кавги за пари. Тоа, граѓаните на Скопје не го заслужуваат. СДСМ _________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан