• петок, 20 декември 2024

СДСМ: Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за криминал

СДСМ: Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за криминал
Скопје, 13 септември 2021 
Нема поголемо лицемерие од тоа партија чиј почесен лидер е избеган криминалец да зборува за криминал.
ВМРО-ДПМНЕ е една од најкриминалните партии во Европа за чии функционери и имот се водат повеќе постапки, а сите политички постапки им се само за спас на криминалците во своите редови.
Ништо не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на криминалот и корупцијата, а СДСМ е посветена на обезбедување бескомпримисна правда за сите, законот важи за сите подеднакво, а секој што се огрешил пред законот ќе одговара.
По спроведените реформи, денес правосудството ги има сите услови за професионално и непристрасно одлучување, нема повеќе поставување судии од тефтерчето и нарачка на пресуди по телефон.
Судството е ослободено е од какви било влијанија на извршната власт, а органите на прогонот постапуваат неселективно, без разлика за кого станува збор.
Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е на браникот на криминалот, а СДСМ гради правна држава, во која законите важат еднакво за сите.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан