СДСМ Куманово: 3.000 денари за првачиња, одморалиште во Градиште
- Кандидатот за советник од СДСМ Куманово, Марина Манојловска на денешната прес конференција кажа дека во програмата на СДСМ за Кумајово е предвидена изграфба на одморалиште во село Градиште и поддршка за првоодделенците.
Куманово, 3 октомври 2025 (МИA) - Кандидатот за советник од СДСМ Куманово, Марина Манојловска на денешната прес конференција кажа дека во програмата на СДСМ за Кумајово е предвидена изграфба на одморалиште во село Градиште и поддршка за првоодделенците.
-Како еден од поголемите проекти опфатени во нашата програма, е изградбата на училишно одмаралиште во село Градиште, кое ќе овозможи сместување, едукативни и рекреативни активности за ученици. Објектот ќе понуди безбедна и пријатна средина за учење и одмор, со спортски терени и зелени површини, поттикнувајќи здрави навики и тимска соработка. Одморалиштето ќе биде наменето за: ученици и наставници од основните и средните училишта од градот. Партнерски организации: извидници, спортски клубови, еколошки здруженија. Проектираниот капацитет на одмаралиштето предвидува 100 кревети (сместување) + до 150 учесници во дневни програми. Рокот за реализација е од 36 до 48 месеци, зависно од временските услови и организацијата на работите, додека буџетот кој е предвиден за овој проект изнесува до 48.000.000 денари, кажа Манојловска.
Во програмата опфатени се стипендии за ученици од социјално загрозени семејства и награди за талентирани ученици, едукативни програми преку организација на бесплатни курсеви (јазици, ИТ, екологија и медиумска писменост), инклузивно образование и училишна инфраструктура.
Манојловска вети и поддршка за реконструкција, енергетска ефикасност и подобрување на санитарните услови како и вклучување на родителите и заедницата преку Совет на родители, училишни форуми, волонтерски активности и заеднички проекти.
Приграмата предвидува и натпревари и проекти за ученици: „Мојот зелен проект“, „Мојот бизнис-план“ и „Најдобар млад истражувач“.
-Нова мерка предвидена во програмата е еднократна субвенција во вредност од 3.000 денари за среќен почеток на секое прваче.Со средствата предвидени во буџетот, докажуваме на дело дека е привилегија да се биде првоодделенец во Куманово, а со тоа допринесуваме за зголемување на бројката на деца во нашите училишта, изјави Манојловска. ам/сст/