• четврток, 26 март 2026

СДСМ Куманово: Урбанизација на кејот со нови содржини, наменети за сите генерации

СДСМ Куманово: Урбанизација на кејот со нови содржини, наменети за сите генерации

Куманово, 4 октомври 2025 (МИА) - Проект за урбанизација на градскиот кеј со нови површини и опрема денеска презентираше кандидатката за советник, Тамара Анастасовска, од СДСМ, Куманово. Проектот „River Urban Place“ предвидува урбанизација на кејот, со создавање уреден, безбеден и функционален простор за сите генерации.

- Со нов урбанистички план се овозможува изградба на ресторани, кафетерии, пешачки зони и зелени површини со модерен и атрактивен изглед. River Urban Place вклучува, изградба на модерна пешачка и велосипедска патека, уредни зелени површини со ново дрвореди и урбана опрема (клупи, осветлување, корпи за отпадоци, зона за спорт и рекреација, фитнес на отворено, игралиште за деца, места за прошетки и трчање), а најважно од сè чиста и заштитена река, нешто што со години претставува проблем за градот. Рокот за реализација на овој проект е од 18 до 24 месеци во зависност од фазите на планирање, инфраструктура и изградба, додека буџетот изнесува приближно од 10.000.000 до 15.000.000 денари, вклучувајќи инфраструктурни работи, урбанистички адаптации и изградба на дел од објекти, кажа Анастасовска.

Градскиот кеј е симбол на живот, движење и средби. Верувам дека сите ќе се согласиме дека кејот може и мора да изгледа подобро. Тој треба да биде гордоста на нашиот град, не само простор покрај реката, туку вистинско живеалиште за луѓето.

Кејот, како што кажа е симбол за нова енергија во Куманово, и е проект за животен стандард, економија и иднина, центар на социјалниот и културниот живот, место каде граѓаните ќе се чувстуваат безбедно.

- Нашиот град, нашиот дом заслужува ваква реалност. Со вашата поддршка на изборите за СДСМ и Коалицијата, ќе го претвориме кејот во симбол на нова енергија на Куманово, рече Анастасовска. ам/вј/

Фото: СДСМ Куманово

Остани поврзан