• сабота, 23 ноември 2024

СДСМ: За 10 отсто покачени пензии само оваа година

СДСМ: За 10 отсто покачени пензии само оваа година
Скопје, 10 октомври 2022 Владата и парламентарното мнозинство на СДСМ се грижи за пензионерите, и во време на најголемата светска криза продолжува покажувањето на пензиите. Само оваа година пензиите за сите 330.000 пензионери СДСМ ги покачи за вкупно 10 отсто. Со исклуизивен пристап, низ дијалог, заедно со пензионерите ја утврдивме новата методологијата на усогласување на пензиите. Сега пензиите, системски, без политички влијанија и паушални одлуки, се покачуваат два пати годишно, врз основа на порастот на трошоците за живот и растот на просечната плата. Според новата методологија пензиите годинава ги покачивме за 2,9 отсто во месец март, а сега, во септември следуваше уште поголемо покачување од 6,8 проценти. Само со последното покачување од 6,8 отсто, обезбедивме дополнителни 1.200 денари месечно за пензионерите кои примаат просечна пензија. Наша должност е да обезбедиме пристојна старост и поддршка на сите пензионери, особено во време на криза. Веќе во март идната година следува ново усогласување на пензиите. Според проценките тоа ќе изнесува околу 6 проценти, што значи дека пензиите за само 12 месеци ќе пораснат за 16 отсто. Благодарение на одговорните политики на СДСМ денес пензискиот фонд е стабилен, пензиите растат и се исплаќаат и предвреме. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ, прес-конференција на Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан