СДСМ: За ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“
- Мафијата на власт откри како гледа на членството во НАТО. За криминалната ВМРО членството на Македонија во НАТО не било успех туку „срам за македонските граѓани“.Македонските граѓани се гордеат со овој национален успех кој е заедничка победа на целиот наш народ благодарение на патриотските и државнички политики на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ беше против, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 5 јануари 2026
Мафијата на власт откри како гледа на членството во НАТО. За криминалната ВМРО членството на Македонија во НАТО не било успех туку „срам за македонските граѓани“.Македонските граѓани се гордеат со овој национален успех кој е заедничка победа на целиот наш народ благодарение на патриотските и државнички политики на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ беше против, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
Само криминална власт може за членството во НАТО со кое трајно се обезбедува безбедноста на граѓаните, територијалниот интегритет на Македонија и сигурноста да каже дека е „срам за граѓаните“.
Е затоа САД носат Закон за Западен Балкан, против криминалот и корупцијата.
И затоа Мицкоски вели ја поддржува ама не ја поддржува акцијата на САД во Венецуела.
Тука лежи проблемот на ВМРО и на македонскиот Мадуро.
Нема бегање, следува одговорност!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Фото: МИА архива