• среда, 25 март 2026

СДСМ: Во кое својство Орце Ѓорѓиевски го отвори Скопскиот маратон?

СДСМ: Во кое својство Орце Ѓорѓиевски го отвори Скопскиот маратон?

Скопје, 5 октомври 2025 (МИА) -  Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ДПМНЕ, како и 17 други кандаити за градоначалник на Скопје, денеска го отвори Скопскиот маратон, стои во соопштението на СДСМ кое МИА го пренесува интегрално. 

Во кое својство и зошто токму Орце е одбран кога нема никаква врска со маратонот?

Одговорот е јасен кога е во прашање валканата кампања и злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговиот партиски другар од Министерството за спорт, Борко, решил да му потпомогне на Орце во изборната трка и да го го претстави како голем љубител на спортот кој го отвора Скопскиот маратон.

Ова е дрско кршење на изборните правила и ги потврдува лажните заложби на ВМРО-ДПМНЕ за фер кампања.

СДСМ и коалицијата најостро реагираат на оваа злоупотреба и ќе ги известат сите надлежни задолжени за следење на кампањата.

И една порака до уплашеното ДПМНЕ, дајте барем еднаш, истрчајте чиста изборна трка, без подметнувања, народот слободно оставете го да одлучува.

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан