• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: ВМРО - ДПМНЕ се сети дека Заев ги брани националните интереси

СДСМ: ВМРО - ДПМНЕ се сети дека Заев ги брани националните интереси
Скопје, 7 декември 2020  ВМРО-ДПМНЕ вечерва се сетија дека претседателот Заев не ги продавал националните интереси. Грешка биле. Од ВМРО-ДПМНЕ не знаеле за Договорот од Преспа и за членството во НАТО со непроменет и загарантиран македонски идентитет. Има време ќе научат. Како и да е, оваа конфузија во ВМРО-ДПМНЕ кажува многу. Останува фактот дека и дома и во странство Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се препознаени како главен извор на лажни вести, а меѓу нив особено се истакнува Александар Николовски, човек кој беше демантиран од Организацијата на обединети нации. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се повикуваат на народот, народот на изборите им го покажа патот, во опозиција, сами и изолирани во сопоствениот очај. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан