• недела, 19 мај 2024

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на Ванчо Михајлов 

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на Ванчо Михајлов 
Скопје, 12 ноември 2022  Ванчо Михајлов е дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа треба да се почитува. Ова се зборови на никој друг туку на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Мицкоски се потврди како докажан лицемер, додека јавно го осудуваше отворањето клубови со имиња на контрозверзни историски личности, тој јавно на национална телевизија кажа дека требало да се почитува тоа што Ванчо Михајлов е дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа Мицкоски го потврди она што одамна се знаеше, дека ВМРО-ДПМНЕ денеска е партија којашто е иделошки поклоник на луѓето кои што биле извршители на Третиот Рајх. Токму ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура во природна големина во музејот во Скопје. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат никакво право да зборуваат за патриотизам и национални интереси, тие се заглавени во минатото и освен штета на националните интереси, освен поделби меѓу граѓаните ниту можат ниту сакаат нешто друго да понудат. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ  _____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан