• недела, 22 декември 2024

СДСМ: Владата повторно им остава време на трговците да ги покачат цените, нема ефекти од кошничката 

СДСМ: Владата повторно им остава време на трговците да ги покачат цените, нема ефекти од кошничката 

Скопје, 6 декември 2024

Политиките на владата на Мицкоски со договарање цени за т.н. „новогодишна кошничка“ нема да имаат посакуван ефект и нема реално да ги намалат високите цени.

На дел од производите кои се објавија во оваа кошничка во изминатите донови цените им се зголемија, особено на млечните производи. Таков простор за покачување на цените имаат трговците и наредните денови до 15 декември. Така да ако потоа се намалат на истото ниво тоа не значи повеќе пари за граѓаните, туку класична манипулација а ефектот за џебот на народот е нула.

Понатаму, на граѓаните им се потребни мерки за трајно намалување на трошоците а не само на краток период. 

Дополнитено, мерката има системски пропуст, власта нема механизам ниту за контрола ниту за казнување доколку не се почитува договореното.

Уште една мерка со ефект од 0,1% како претходна не е никакво решение во услови кога цените растат и понатаму, вредноста на месечните трошоци на граѓаните се зголемуваат.  

На граѓаните им се потребни издржани и добро осмислени мерки кои ќе имаат вистински резултат и ќе доведат до реално намалување на цените.

Вистинска мерка којашто ќе донесе реално и долгорочно намалување на цените на производите е решението на СДСМ за укинување на ДДВ на храната.

Со укинување на ДДВ на храната најмногу добиваат граѓаните, веднаш и реално ќе се намалат цените на 250 производи.

Трговците целосно ќе ја почитуваат мерката а граѓаните реално ќе заштедат над 2.000 денари месечно. 

Укинувањето на ДДВ на храната е мерка на долг рок, ќе трае и ефектите граѓаните ќе ги чувствуваат цела година што им е реално потребно.


Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан